Почина Васка Гајдова, еден од најголемите колоратурни сопрани што воопшто постоеле во Македонија и во светот

 

,,Од првиот јавен настап на оперската сцена во улогата Кралицата на ноќта во операта „Волшебна флејта“ од В.А. Моцарт, под диригенство на Тодор Скаловски до денес, поминаа близу три децении. Се нижеа представа по представа, улога по улога, цел еден творечки век посветен на сцената. Работата со големиот мајстор на диригентската палка Ловро Матачиќ, како и со други диригенти и режисери, придонесуваат за растежот и уметничкото создревање на младиот уметник. Нејзиниот глас, чист како кристал, во творечки најзрелите години, достигнува во височина до феноменалното аз-недостижен сон за колоратурните сопрани.“

Фимчо Муратовски

http://www.utrinski.mk/?ItemID=15F3CF47CBA6F44A9279A87527F56BFD

http://www.independent.mk/articles/9070/Macedonian+Opera+Singer+Vaska+Bidzhova-Gajdova+Dies

 privatni - 2IMG_20140910_110735

Vaska Gajdova-фотографии од нејзините средношколски и студентски денови

Како ученичка во средното музичко училиште

Од студентските денови во Виена

Васка Гајдова (Vaska Gajdova)-Целосна посветеност на уметноста!

Почитувани, на почеток се наметнува потребата  да посочиме на неколку аспекти кои не потикнаа да зборуваме за г-ѓа Васка Гајдова.

Прво ќе ја потенцираме несекојдневноста на потфатот, односно претставувањето на уметничкиот опус на еден од основоположниците на Македонската опера.

Со самото истакнување на првите денови на Македонската опера, важноста на личностите кои се појавија (како уметници-солисти) е од огромно значење. Тие на македонскиот народ му овозможија остварување на една уметност која денес прераснува во своевидна историја.

Оттаму, цениме дека е важно за развојот на оперската музика во Македонија, да ја портретираме и уметноста на овој редок уметник, колоратурниот сопран Васка Гајдова.

Од непроценливо значење е појавата на ова наше име за развојот на операта на овие простори. Со уметничките дострели, нејзини и на уште неколку колеги, еден народ се стекнува со цивилизациска вредност. Со моќниот потенцијал на класичната музика која може да биде разбрана, почувствувана, доживеана од многу луѓе од целиот свет, без разлика на на нивната етничка, религиозна или расна припадност, да го земеме за пример големиот Верди и неговите дела кои се изведуваат во целиот свет.

Создавањето на операта и нејзиниот развој во Македонија, овозможи и македонскиот народ да се вклучи на едно повисоко ниво на цивилизациско себе-потврдување на сопствената колективна креативност. Тој со ова се вклучува во групата на народи кои имаат капицитет да овозможат услови за создавање и развој на оваа уметност и соодветно на тоа продуцирање на кавалитетни уметници.

Еден од тие исклучителни уметници во тоа време претставува и г-ѓа Васка Гајдова, нејзиниот високо изразен квалитет во оствaрувањето на улогите кои и соодветствуваа на гласот и овозможија да остави силен впечаток.

Кога ќе направиме едно заокружување на уметничкиот пат, од студиите во Виена, па се до бројни настапи во улогите на најпопуларните оперски дела, таа суштествено се вгради во темелот на Македонската опера.

Затоа, тргнувајќи од сето ова, добивме силно убедување, дека е неопходно да го документираме придонесот на овој уметник, не толку за него (затоа што таа остварувајќи се себеси преку својата кариера ја достигна својата цел), колку за нашата музичка јавност, за новите генерации млади уметници на кои овој натпис (блог) ќе и им зборува за една целосна предаденост на уметноста, што би требало да биде пример и за нив понатаму.

портрет на старата зграда на Македонскиот Народен Театар